Му зеле златен накит вреден 2000 евра за сет тенџериња
На 25.02.2022 во 17.20 часот на ул.“Востаничка“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РСМ.
Имено, пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари (2000 евра). Сторителите биле со патничко моторно возило “фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рента кар компанија.
Од страна на полициски службеници по превземени мерки двајцата биле лоцирани во апартман во населбата Црниче.
Известен бил Јавен обвинител, а потоа со судска наредба извршен бил претрес во апартманот каде престојувале, претрес на лицата како и преглед на две патнички моторни возила “ фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “ауди“ со австриски национални ознаки. Од извршениот претрес пронајдени биле златниот накит, облека како и еден сет ножеви кои се одземени. Златниот накит е вратен на оштетениот.
За горенаведеното сторено кривично дело “измама“ по целосното документирање, од страна на ОКР Ѓорче Петров ќе следи кривична пријава, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
-

Њујорк тајмс: САД ги враќаат дипломатите во претставништвата на Блискиот Исток
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
