МТСП апелира до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) препорачува да се практикува листата на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што можат да бидат корисни за едукација на младите.
– Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно-образовниот процес во државата. Децата од предучилишна возраст не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека воспитно-образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови, велат од Министерството.
Оттаму информираат дека од денеска на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.
– Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека градинките се привремено затворени, се вели во соопштението од МТСП.
На следниот линк е листата на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини.
Ново на Сител
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
-

18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето
-

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
-

Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата
-

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
-

Пожар во Прочистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан
