МТСП: 30. ноември неработен ден, а 29. со скратено работно време за администрацијата во Скопје
Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. Истиот нема да се одработува, известува Министерството за труд и социјална политика, врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата, одржана во вторникот.
- Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека не се однесува на јавните предучилишни установи и здравствените установи. Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите, истакнуваат од МТСП.
Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците.
- Воедно, се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците, потенцираат од МТСП.
Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
