Мрчела очекува Македонија предвреме да ги исполни препораките на ГРЕКО

Сигурен сум дека македонската власт ќе направи се што е во нејзина моќ да ги исполни препораките на Групата држави против корупција (ГРЕКО), и извештајот за напредокот и исполнувањето на овие препораки ќе ни го испратат порано од предвидениот рок - 31 јануари 2018 година.
Ова го изјави судијата во Врховниот суд на Хрватска и претседател на ГРЕКО Марин Мрчела денеска на маргините на тркалезната маса за „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“ одговарајќи на новинарско прашање во врска со Акцискиот план 3-6-9 за сериозен пробив кон евроинтеграциите кој премиерот Зоран Заев го презентираше вчера.
- Очекуваме сега кога се создадени услови, односно кога политичката состојба во Македонија е таква и Собранието и Владата можат да продолжат да работат, дека исполнувањето на препораките може да биде и порано. Како што знаеме исполнувањето на препораките не се за тоа политичарите да бидат задоволни, туку се со цел да го подобрат животот на граѓаните, нагласи Мрчела.
Премиерот Заев вчера рече дека со усвојувањето на Акцискиот план 3-6-9 Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции по долгогодишниот застој. Задачите кои Владата планира да ги реализира во рок од три, шест и девет месеци се составен дел на предлог Планот за реформи на Владата, кој опфаќа демократизација на Парламентот, реформи во судството, јавната администрација, во изборното законодавство, услови за фер и демократски избори, кохабитација со претседателот на државата и други мерки.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
