Свет
22. December 2016 - 18:10

Москва: Иднината на Асад не е предмет на преговорите за Сирија

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека на дневниот ред на мировните преговори за Сирија, на кои учествуваат Русија, Иран и Турција, не е и прашањето за иднината на сирискиот претседател Башар ел Асад.

Министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција во вторникот започнаа, како што соопшти Москва, „разговори во најефикасен формат“ посветени на ставањето крај на војната во Сирија.

- Иднината на Асад апослутно не е тема на расправа во овој момент меѓу Русија, Иран и Турција, нагласи Рјабков.  

Турција и западните земји бараат решението на конфликтот во Сирија да го вклучува и заминување на Асад од власта, но Русија и Иран, кои им пружаат воена и дипломатска поддршка на властите во Дамаск, ја отфрлаат таквата идеја.

Ново на Сител