Московјани и денеска во долг ред пред гробот му одаваат почит на Навални

Гробот на Алексеј Навални во Москва и денеска беше покриен со цвеќе, а неговите сонародници сè уште доаѓаат да му оддадат почит.
Редот на гробиштата Борисово во југоисточниот дел на руската престолнина е долг неколку стотици метри. Сами или во помали групи Русите го посетуваат гробот каде Навални во петокот беше погребан, што е преполн со венци и цвеќиња.
Француските медиуми пишуваат дека во споредба со изминатите два дена на гробиштата има помало присуство на полицијата.
Освен заради „тага“, „болка“ или „лутина“, многу Московјани пристигнуваат на гробот за да му „покажат наклонетост и љубов“ на поранешниот жесток противник на Путин, кој почина пред две недели во казнената колонија Поларниот волк во Карпо, околу 1900 километри североисточно од Москва, каде отслужуваше 19-годишна затворска казна заради „екстремизам“.
Оддавањето почит на критичарот на Путин доаѓа само две недели пред претседателските избори (15-17 март), на кои се очекува да победи Владимир Путин.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
