Монструм: Ја силувал жената пред 8-годишната ќерка

Против 27-годишен маж кој со години ја тепал и сексуално злоставувал својата сопруга покренато е обвинение за сторено кривично дело против сексуалната слобода, тешки телесни повреди, повреда на детските права и закани како и недозволено поседување, изработка и набавка на оружје и експлозивни направи.
Жупаниското државно обвинителство во Вараждин овој човек го товари дека од 2010 година до средината на оваа година во повеќе наврати ја присилувал својаа сопруга на секс при што и удирал шамари, и ги стискал рацете и и ставал перница на глава, како и тоа дека и се закнувал со убиство ако го одбие.
Тој се товари и дека константно физички и психички ја злоставувал така што ја удирал по главата и телото, ја омаловажувал и навредувал, поради што таа живеела во постојан страв за својот живот.
Кон крајот на 2011 година и нанел тешки телесни повреди кога со раце замавнал за да ја удри по глава, а таа со своите раце се покрила и притоа и ја скришил подлактицата.
Воедно насилникот се товари дека опишаните кривични дела ги вршел во присуство на нивната 8-годишна ќерка која живеела под постојан рпитисок и во страв за мајката и исто така била жртва на физичко и психичко малтретирање од страна на таткото.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
