Моника Белучи: Не сум Бонд девојка, туку Бонд жена

Моника Белучи, која публиката наскоро ќе може да ја види во новиот филм на Џејмс Бонд „Спектр“ смета дека за неа не може да се каже дека е Бонд девојка.
- Премногу сум зрела за да бидам Бонд девојка. Попрво сум Бонд лејди или Бонд жена, изјави актерката во интервју за „Гардијан“, додавајќи дека е многу горда на тоа.
На прашањето зошто нејзината улога во серијалот за најпознатиот филмски шпион предизвика така големо внимание, Белучи, изјави дека тоа е поради фактот што живееме во свет на мажи.
- Мажите имаат моќ во се: во новинарство, во актерство, во режирање, во банкарство, во финансии, во образование. Сите закони се донесени од мажи. Мажите сметаат дека жените се стари кога повеќе не можат да раѓаат. А тоа не е точно, бидејќи тие и понатаму се фантастични. Затоа сметам дека со мојот избор, на зрела жена, режисерот Сем Мендес направи вистинска револуција, истакна познатат актерка.
Според Белучи, иако според многумина таа е убава, сепак има 50 години, а не 20 и постојат моменти во животот кога човек мора да се соочи со времето што минува.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
