МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила работна средба со генералниот директор на Одборот за акредитација на високото образование на Унгарија, Петер Левенте Лакатос, кој изразил отвореност за соработка и поддршка на заложбите на македонската Влада за унапредување на квалитетот на националниот високообразовен систем.
- Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација на високото образование кој е основан во 1993 година, но реформиран во поново време, може многу да ни помогне во насока на подигнување на ефикасноста и ефективноста во работењето на нашиот. Благодарна сум на директорот кој сподели повеќе информации за промените што ги направија изминатиот период и го дадоа очекуваниот резултат, рекла Јаневска по средбата, соопштија од МОН.
Во соопштението се додава дека министерката Јаневска учествува на дводневен Самит на министри за образование, иновации и култура на Западен Балкан и Унгарија, а во текот на денешниот ден го посетила и македонскиот лекторат на Универзитетот ЕЛТЕ каде остварила средба со професорот Златко Панзов и со дел од 25-те студенти од Унгарија, Украина, Кина и други држави кои одбрале да го изучуваат македонскиот јазик. Таа остварила средба и со македонски студенти кои студираат на унгарските универзитети преку стипендии во рамки на програмата Стипендиум Хунгарикум.
Ново на Сител
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
-

Денес нестабилно време со дожд и грмежи
