-->
-->
Момче во Монголија почина од чума, која му ја пренел заразен мрмот
-->
Едно 15-годишно момче почина од чума во југозападна Монголија, соопшти Министерството за здравство.
Министерството соопшти дека лабораториските тестови потврдуваат дека тој ја добил чумата од заразен мармот. Момчто, кое живеело во рурална средина, се заразило со ретката бактериска болест откако уловил и изел мрмот.
Поради овој случај, владата воведе шестдневен карантин во дел од провинцијата Гоби-Алтај.
Монголските медиуми известуваат дека 15 лица кои биле во контакт со момчето се во изолација.
Претходно овој месец беа регистрирани уште два случаи на бубонска чума во покраината Ковд. Тестирани беа повеќе од 140 лица, но не се пронајдени други случаи.
Чумата е потенцијално смртоносна заразна болест која е предизвикана од бактерија наречена Yersinia pestis, која живее во некои животни, главно глодари и нивните болви.
Бубонската чума е најчеста од болестите што може да се пренесат на луѓето. Името доаѓа од симптомите што ги предизвикува – болни, отечени лимфни јазли, или бубони, на слабините или под пазувите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
