-->
-->
Могерини: Рано е да се говори за создавање зони за безбедност во Сирија
-->

Мошне е рано да се зборува за создавање зони за безбедност во Сирија, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, на прес-конференција во Бејрут, каде таа денеска е во посета.
Могерини беше замолена да го коментира соопштението дека претседателот на САД, Доналд Трамп им наложил на Пентагон и на Стејт департментот да изготват во рок од 90 дена план за воспоставување зони за безбедност во Сирија.
- Ќе ги разгледаме тие планови кога ќе се појават, изјави Могерини.
Според неа ЕУ сака кризата во Сирија да биде решена со политички средства и во земјата да има политичка транзиција, која ќе им овозможи на сите Сиријци да се вратат во својата татковина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
