Могерини: Цела Европа се соочува со исти предизвици

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска изјави дека земјите-членки на ЕУ и тие кои не се, се соочуваат со исти предизвици, кои се однесуваат на економскиот развој, на создавање нови работни места, на радикализацијата на младите луѓе, на безбедноста и справување со бранот на бегалци.
Могерини, на состанокот на министерите за надворешни работи на Вишеградската група и на Западен Балкан во Варшава, истакна дека тие проблеми не знаат за граници и не се однесуваат само на земјите-членки на ЕУ туку и на државите кои се уште не се членки.
Таа додаде и дека напредокот во досегашните преговори со земјите кандидатки за членство во ЕУ е извонредено.
Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак наведе дека ЕУ ќе и помогне на земјите кандидатки да „ги исполнат сите кретериуми за што побрзо да станат членки“.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изрази загриженост поради застојот во проширувањето на ЕУ во следните пет години.
- Потребно ни е проширување веднаш, бидејќи немаме повеќе време за губење, како на општ така и на безбедносен план, посочи Сијарто.
Во заедничкото соопштение по состанокот се наведува дека четирите држави од така наречената Вишеградска група ги поддржуваат балканските земји да се придружат во Унијата, иако шефовите на ЕУ истакнаа дека нема да има проширување во следните пет години.
- Процесот на проширување е непроценливо средство за постигнување на безбедност, стабилност и напредок на Западен Балкан. Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се неделиви од безбедноста на ЕУ, се потенцира во соопштението.
Полска, која од 1. јуни претседава со четиричлената Вишеградска група, во која уште членуваат и Чешка, Унгарија и Словачка, на состанокот ги повика и министрите од шест членки на ЕУ - Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Романија и Словенија, како и од земјите од Западен Балкан, кои имаат аспирации за членство во Унијата - Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.
Ново на Сител
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
