Модна ревија „Made in Macedonia: Женски вештини”

„Добредојде Macedonia Welcome Centrе“ (DMWC) во соработка со Француската амбасада и Меѓународниот Моден институт „Изет Цури“, вечер во Музејот на Народна борба организираат модна ревија насловена “Made in Macedonia: Women’s Skills”.
Ревијата се организира по повод 8 Март – Денот на жената и пет години од успешна работа на Институтот „Изет Цури“. На модната ревија ќе бидат претставени 30-тина креации изработени од студентите од прва до четврта година на овој Институт. Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.
Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија. Основан е 2014 година и до денес и работи под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво.
Ново на Сител
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
