МНТ објави аудиција за актери, танчери и пејачи за мјузиклот МАМА МИА

Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за избор на актери, танчери и пејачи за споредните улоги во новиот мјузикл МАМА МИА.
Мјузилот МАМА МИА е светски хит инспириран од музиката на познатата музичка група АББА. Македонскиот народен театар соопшти дека по успешната реализација на мјузиклот Чикаго започнува со нов светски хит, овој пат низ приказна исполнета со љубов, забава и многу танц, што ќе ја режира Наташа Поплавска. Познатите поп хитови за љубовните романси на две генерации, ќе бидат новиот предизвик во новата театарска сезона 2017/2018 во МНТ.
Поради различната возрасна граница и изведувачка задача аудицијата е поделена во два дена и тоа: на1 септември аудиција за актери и пејачи, а на 2 септември аудиција за танчери.
Актерите/актерките треба да се на возраст од 19 до 50 години, а танчерите/танчерките и пејачите/пејачките од 16 до 25 години и покрај физички треба да поседуваат и гласовни вештини, информираат од МНТ.
Сите заинтересирани кандидати ќе треба да пополнат пријавата која можат да ја симнат од веб страната на МНТ: http://www.mnt.com.mk. Пријавата треба да ја испратат на е-маил: audicija@mnt.com.mk. Во полето SUBJECT при испраќањето на пријавата задолжително треба да стои: МАМА МИА АУДИЦИЈА/MAMMA MIA AUDICIJA.
Крајниот рок за пријавување е 28.08.2017 до 24:00 часот. Сите непотполни и ненаврмено испратени пријави нема да се земат предвид. Селектираните кандидати најдоцна до 29.08.2017 ќе добијат известување за термините и задачите за аудицијата, соопштуваат од МНТ.
Ново на Сител
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
