ММФ и одобри на Украина транша од една милијарда долари

Советот и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши вториот преглед на антикризната програма за Украина и оддели за Киев кредитна транша од една милијарда, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Фондот.
Вкупната висина на средствата, предвидени за Украина, веќе достигна 7,62 милијарда долари, посочи организацијата.
При исполнување на програмските критериуми Украина ќе може да добие во ноември транша од околу 1,3 милијарди долари, а во февруари следната година, уште една исплата од околу две милијарди долари, посочи претходно извор од ММФ.
Украинскиот претседател Петро Порошенко го поздрави доделувањето на средствата.
- Одлуката на ММФ му покажа на светот дека Украина ги извршува реформите. Тоа ќе придонесе исто така и за стабилизирање на украинската валута - гривна, и ќе ја поддржи макроекономската стабилизијација, изјави Порошенко.
- На овој начин се дава зелено светло за обезбедување на една милијарда долари кредитна гаранција од САД и заем од 600 милиони евра од ЕУ, истакна украинскиот претседател.
- Новиот кредит од ММФ ќе и помогне на Украина да го врати долгот и да ја запази стабилноста на гривната и финансискиот систем, заклучи украинскиот министер за финансии Александар Даниљук.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
