Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да одговори на светски процеси, со законот за регулација на криптовалути ќе придонесеме кон граѓаните и кон економијата
Дигиталните технологии, денес, динамично и силно проникнуваат во сите сфери на општественото живеење предизвикувајќи длабоки промени на традиционалните развојни парадигми.
Оваа технологија може целосно да го преобликува начинот на работење во финансискиот сектор, преку промената на начинот на чувањето и трансферирањето на средствата, извршувањето на договорите и управувањето со ризиците.
Технологијата блокчејн е во пораст и како што сме сведоци, почнува да се спроведува се повеќе и повеќе.
Извештајот на светскиот економски форум од септември 2015 година предвиде дека до 2025 година десет проценти од глобалниот БДП ќе бидат зачувани на блокчејн технологија. Со оваа револуционерна технологија можеме да замислиме свет во кој секој процес, секоја задача, секој договор, секоја исплата ќе имаат дигитален запис и потпис кој ќе биде идентификуван, потврден, зачуван и споделен. Многу компании почнуваат да ја имплементираат блокчејн технологијата. И постои голема можност дека блокчеинот ќе влијае на речиси секој еден бизнис.
Согласно податоците со кои располагаме со криптовалути во Република Македонија тргуваат околу 100.000 граѓани. Водејќи се од концептот Македонија за сите луѓе како ВМРО-ДПМНЕ со предлог законот кој ќе го поднесеме во Собранието и со формално правното регулирање на трговијата со криптовалути ќе придонесеме директно за секој еден кој досега се занимава со ова, но и кон економијата и бизнис секторот кој има тенденција да ја имплементираа оваа технологија во иднина.
Придобивките се од големо значење, ќе се овозможи отстранување на посредниците при реализацијата на трансакциите и компресирање на времето за нивното потврдување и порамнување.
Практично, ќе се олесни комуникацијата на правните лица и ќе се олесни платниот промет. Со овој вид на технологија се намалува евиденцијата, дигитализацијата во оваа форма ги минимизира стапките на грешки и ги олеснува плаќањата, а тоа само по себе значи помал ризик за финансискиот систем и пониски трансакциски трошоци.
ВМРО-ДПМНЕ, почитувани граѓани е подготвено да одговори на светските процеси, време е да зборуваме за реални проекти кои ќе бидат од витално значење.
Проблемите поврзани со регулацијата, ефикасноста и безбедноста, отсекогаш предизвикувале широки дебати во однос на имплементацијата на секоја финансиска иновација.
Регулаторните предизвици се повеќекратни и се поврзани и со промената во начинот на размислувањето, но и со потребата од стекнување нови вештини поврзани со технологијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
