Македонија
29. December 2021 - 12:02

Митева: Тужбата од Каевски е одбиена како неоснована во целост

Тужбата од Дарко Каевски против мене е ОДБИЕНА КАКО НЕОСНОВАНА, во целост! Има некои работи кои јавната функција ги носи со себе (покрај вашите бескрајни привилегии) – една од нив е должноста секогаш да одговорите на прашањата поставени во јавност, а не да ги користите дејствијата на клевета како средство за задушување на дебатата или пречка да ве повикаме на отчетност.

Немам интенција со оваа објава да покажувам кој победил, а кој изгубил…но привилегиите пак, вас во СДСМ ве мотивираат да ги користите овие методи на заплашување со цел да ја уништите политичката дебата и слободата на изразување.

Неуспешно, затоа што ништо не може да ја замени и победи упорноста. Единствена моќ се упорноста и одлучноста!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ