-->
-->
Мирјана безмилосно ги мачеше Стевани, Џоле и Горан додека ја молеа да престане
-->
Тројцата станари врескаа во лажни болки додека погрешно одговараа на прашања од општа култура. Од другата страна стоеше Мирјана и немилосрдно ги "мачеше".Џоле, Стефани и Горан беа споени на електроди кои ги имаа на чело, раце и нозе. Одговараа на разни прашања од биологија до физика.
За секој погрешен одговор станарите добиваа струен шок, Големиот Брат напомена на "Тесла" тимот дека се работи и за јачина до 700 волти.
Мораа да глумат дека "терапијата" ги боли се со цел "Тесла" тимот да прекине.
- Кој и да го прави ова, морате да знаете дека боли, немојте да се играте со ова - викаше Џоле.
Тимот Тесла ги шокираше останатите станари до деветото прашање, поради кое Стефани, Горан и Џоле сфатија дека не им е грижа за другите луѓе. Тие очекуваа да престанат многу порано, иако не се физички повредени, но не се среќни поради тоа што сфатија колку Дарко, Зорица и Мирјана се сурови.
Кога на сето ова дојде крај, Зорица беше посебно загрижена и вознемирана, бидејќи експериментот ги тестираше нив тројца. За време на разговорот во исповедалницата таа не изговори ни збор, додека Мирјана уште еднаш кажа дека "сака да се игра најмногу".
Зорица подоцна отиде во пушалницата и вознемирена ја обвини Мирјана за се бидејќи само таа сакала да оди до крај. Изјави дека ја боли срцето и дека не се чуствува добро.
- Викав Мирјана престани - рече Зорица додека раскажуваше на Тина и Барбара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
