Министерството за правда одлучи да не покренува обвинение против Хилари Клинтон

Министерката за правда и генерален обвинител на САД, Лорета Линч изјави синоќа дека ја прифатила препораката на ФБИ да не покренува обвинение за истрага поради нарушување на правилата за службена коресподенција од страна на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
- Темелната истрага, која трае цела година ќе биде прекината и нема да бидат покренувани никакви обвиненија кон лицата, против кои се водеше истрагата, се наведува во соопштението на Линч.
Директорот на ФБИ, Џејмс Коми во вторникот изјави дека Хилари Клинтон, која е најверојатниот кандидат за претседател на САД од редовите на демократите, била „мошне невнимателна“ при користењето на личната имејл адреса додека била државен секретар, но и покрај тоа тој не гледа основа за покренување кривична постапка во врска со случајот. Тој сепак конечната одлука му ја остави на Министерството за правда.
Линч изјави дека одлуката ја донела по средбата вчера со Коми и со иследниците вклучени во случајот, кои истражувале дали Клинтон ги нарушила законите, испраќајќи официјални мејлови од нејзиниот личен сервер во домот. Едно од прашањата кое се истражувало е дали таа невнимателно ракувала со класифицирани информации.
Републиканците во Конгресот веднаш го обвинија ФБИ дека има „специјален третман“ кон Хилари Клинтон. Тие го повикаа Коми да ја појасни ситуацијата и тој денеска треба да се појави пред Претставничкиот дом, каде ќе одговара на нивни прашања.
Ново на Сител
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
