Министерот Османи во Виена ќе ја презентира програмата на претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, денеска во Виена ќе ја презентира програмата на нашето претседавање со организацијата.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе зборува за предизвиците со кои се соочува Организацијата, нашата визија и планови како претседавач во 2023 година. Притоа, како што дополнуваат, тој ќе оствари средба и со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разменат мислења за проектираните активности во насока на промоција и операционализација на зацртаната приоритетна агенда.
– За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина, стои во соопштението од МНР.
Во работниот дел, како што наведуваат, министерот Османи ќе оствари средби и со раководните структури на независните институции, теренските мисии, останатите извршни тела на ОБСЕ, како и со специјалните претставници на претседавачот.
Ново на Сител
-

Лафчиски ја заокружи посетата на Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД
-

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје
-

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач
-

ФФМ: Шкендија статистички е еден од најзаштитените тимови во ПМФЛ, но кога губат бодови секогаш други им се виновни
-

Македонските државјани во Бахреин во среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
