Министерот Филипче во посета на штипската Клиничка болница

Министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во Министерството за здравство Влатко Милошев денеска ја посетија штипската Клиничка болница и направија увид во изградбата на новиот објект на болницата.
Филипче забележа дека новата болница ќе биде завршена и опремена во текот на 2018 година, а во 2019 година ќе биде пуштена во употреба. Истакна дека штипската Клиничка болница има квалитетен стручен кадар, кои можат да одговорат на предизвиците и на воведување на нови методи.
Министерот посочи дека зголемувањето на дежурствата нема да се однесува само на лекарите, туку и на медицинските сестри.
- Значајно е зголемувањето, некаде околу 100 проценти, се уште се изработуваат точните анализи за да процениме кога тоа ќе може да се почне. Но, најверојатно дека зголемувањето на дежурствата ќе почне во априлската исплата, односно за мартовската плата, рече Филипче.
Прашан дали е информиран дека дел од лекарите ќе поднесат и тужби, бидејќи не се исплаќани согласно колективниот договор, Филипче вели дека во наредниот период ќе престои и промена на колективниот договор.
- Тоа е и добра прилика денеска да поразговараме и за тоа, за да го пронајдеме вистинскиот начин, како тоа да го спроведеме, вели Филипче.
На новинарско прашање има ли лек за здравството, министерот со оптимистички одговор.
- Здравството е еден комплексен систем, ги разгледуваме сите аспекти и сум прилично сигурен дека за многу кратко време со направената анализа ќе знаеме по кој пат да тргнеме. Треба да се направат чекори во неколку сегменти паралелно, за да веќе во оваа година ги почнеме процесите на интеграција и на зацврснување на целокупниот здравствен систем, рече Филипче.
Министерот за здравство, Филипче и државниот секретар во министерството за здравство Милошев денеска со лекарите разговараа и за нивната спремност и на останатиот медицински кадар за време на Новогодишните празници.
Ново на Сител
-

Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
-

Предложен притвор за дилер на хероин
-

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред
-

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
-

Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
