Министерот Алиу на Генералната конференција на УНЕСКО: Дигитализацијата е наш приоритет

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу учествуваше на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува во Париз, Франција.
Како што информираат од МИОА, на Генералната конференција на УНЕСКО се дискутирало за основните предизвици коишто доаѓаат со дигитализацијата во глобален контекст.
Министерот во својот говор потенцирал дека користењето на технологијата и вештачката интелигенција за унапредување на науката и иновациите е голем чекор кон заеднички екосистем.
-Со обезбедување рамноправен пристап до технологијата и промовирање на етичка и одговорна употреба, УНЕСКО може да помогне во создавањето на средина каде нациите ќе можат да соработуваат за да имаат корист од технологијата на начини кои служат за одржлив развој, истакнал Алиу.
Тој посочил дека само преку меѓународна соработка, создавање мерки и развој на политики кои ќе ги поттикнат иновациите и инвестициите во дигиталната област можеме да имаме решенија за глобалните предизвици.
-Само преку дигитален, сеопфатен екосистем, јасни стратегии и широка соработка од различни чинители можеме да обезбедиме одговорна и иновативна употреба на технологијата согласно општествените потреби и вредности. УНЕСКО може да помогне во создавањето на сигурна платформа која сите нации можат да ја користат за да ги постигнат своите цели за развој и социјален напредок, потенцирал министерот Алиу.
Ново на Сител
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
-

Производителите на пиперки го блокираа патот Прилеп-Битола, велат дека откуп воопшто нема
-

УГД - Летна школа, како до почист воздух, вода и почва
-

ЕУ донираше возила и опрема за Царинската управа
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
