Министерот Адеми присуствуваше на завршната активност на проектот „Градиме мостови“

Министерот за образование и наука Арбер Адеми присуствуваше на завршната активност на проектот „Градиме мостови “, што се организираше од страна на ООУ „Лиман Каба“ село Љуботен и ООУ „Аврам Писевcки“ во село Бардовце.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, тој им честиташе на училиштатат за иницијативата и ангажманот за учество во реализацијата на проектот „Градиме мостови“, со што рече, покажуваат желба, посветеност и свесност за важноста на соживотот и почитувањето на различните од себе.
– Сите Вие покажувате дека сакате заедно да учите и работите, заедно да реализирате наставни и вон наставни активности, да се дружите и да спортувате. Овие примери, особено се важни во денешно време и во општества како нашето, каде живееле и ќе продолжат да живеат различни етникуми. Затоа што доколку не постои сплотеност на граѓаните, ниту еден општествен процес нема да има нормален тек. Доколку повеќе се преферира непочитувањето, омразата и одмаздата, општеството не само што ќе тапка во место, туку постои опасност од уназадување и враќање во некои други времиња, кои не биле поволни за ниту еден чинител во оваа земја, истакна министерот Адеми.
Ново на Сител
-

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран
-

Министерството за енергетика ќе ги соопшти активностите за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
