Минирани четири големи карпи над село Шипковица

Инжинерискиот батаљон на АРМ денеска со контролирани детонации отстрани четири големи карпи над селото Шипковица и над патот Шипковица Бродец, а што беа потенцијална опасност по жителите и нивните имоти при лоши временски услови.
Според проценките сите четири карпи имаат вкупна зафатнина од околу триста метри кубни материјал. Најпрвин беа детонирани двете карпи над патот за Бродец при што беа употребени 20 килограми експлозив, а вкупната количина на искршени камења изнесува околу 180 метри кубни материјал.
- Денеска армијата ќе заврши со минирањето на овие четири карпи така што селаните од овој крај ќе може да се чуствуваат сигурно. Опасноста од овие две карпи е да го уништат новиот пат кој што сега се гради, а опасноста од другите карпи е да направи штета врз населението во услови кога ќе има големи поројни дождови. Со овие активности на армијата на некој начин се заштитува населението од природните непогоди, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Над селото имало три поголеми карпи при што армиските инженери едната рачно ја отстраниле претходно кршејќи ја додека другите две се уништени со експлозив, а биле со вкупна големина од околу 120 метри кубни.
Заменик командантот на инжинерискиот батаљон на АРМ потполковник Илчо Заковски, изјави дека подготовките што ги направи инжинерискиот батаљон во изминатите денови е изработка на минерски бушотини се со цел да се постави експлозивот и да се изврши внатрешно уривање односно расцепување на карпата што би овозможило градежната механизација да го исчисти теренот и текот на реката да се движи во коритото што го имала претходно.
За жителите од селото денешните активности на армијата се добредојдени за отстранување на карпите кои од минатогодишните поплави претставуваат голема закана за нивните животи како и за безбедно движење по патот што од Шипковица води до селата Бродец, Вешала и Бозовце.
- Најдобрата работа е извршена од војската. Ние како селани или како месна зедница никогаш не би можеле да го направиме тоа. Фала на војската што интервенира навреме да не се повторува секоја друга година она што зависи од времето, изјави локален жител.
При минатогодишните поплави што го зафатија тетовскиот регион имаше вкупно шест жртви. Три од жртвите, две деца и еден повозрасен човек беа од Шипковица при што и голем број куќи од селото претрпеа големи штети од наносите на камења, дрвја и кал што како последица на поројните дождови го зафатија ова планинско село на Шар Планина.
Ново на Сител
-

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња
-

На Табановце за влез, на Богородица за излез од земјата се чека по 30 минути
-

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите xерои
-

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со руски дронови врз регионот на Киев
-

Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска
-

Пратеникот на ОН за Јемен предупредува на ризик од обновен конфликт од големи размери
-

На Карпалак ќе биде положено цвеќе во спомен на загинатите од воениот конфликт од 2001 година
-

Портокалова фаза, температури до 40 степени
