Милошоски: Со истрајност и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија гласање на неуставниот Закон за јазици


-Со истрајност, деноноќни дискусии и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успејаа да го оневозможат гласањето за неуставниот Закон за јазици, кој спротивно на собранискиот Деловник со злоупотреба на Европското знаменце и без јавна дебата, владата на Зоран Заев сакаше нетранспарентно да го протурка во Собранието како тесно-партиски предизборен договор за гласачко поткусурување и за покривање на владините економските неуспеси, рецесијата, големото задолжување, лагата за платата на лекарите, лагата за младинската гаранција од 10.000€, падот на индустриското производство, конфликтот на интереси на високи владини функционери и нивните тендери, како и неуспешноста на градоначалниците на Чаир, Куманово и Тетово!
• Сериозните прашања од национален интерес заслужуваат сериозна јавна дебата, демократска процедура и уважување на Уставот и на реалните потреби на сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка, партиска припадност или социјален статус.
• Опозицијата е легитимен претставник на најголем дел од граѓаните и власта тоа не смее арогантно да го игнорира. Целта на ниту еден закон не треба да биде краткорочниот ефект на изборите, туку долгорочните придобивки за добробит на државата.
• Сега Граѓаните се на потег, да гласаат за своите реални потреби, без да бидат манипулирани со предизборни партиски контроверзни закони кои носат поделба и стереотипи, наместо обединување и развој. Граѓаните на Македонија на 15-ти октомври ќе гласаат за својата општина и за нашата заедничка татковина! Да живее Македонија! пишува пратеникот Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук.
Ново на Сител
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
