Милошоски: Потребна е стабилна политичка клима и економијата да биде приоритет

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Антонио Милошоски денеска во Кичево рече дека кичевчани и стружани најдобро знаат што значи да ја плаќаш грешката на политичарите на сметка на националните интереси.
- Затоа на овие избори, нас не ни требаат нови федерализации, не ни требаат два јазици, не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои што ги градиме и уште три нови кои што сакаме да ги почнеме, истакна Милошоски.
Посочи дека ни е потребна стабилна политичка клима за да може економијата да ни биде приоритет.
- Затоа апелираме и од Кичево и од Струга, до сите битолчани, до скопјани до штипјани, до велешани, до струмичани. Се работи за Македонија, некои грешки не можат да се поправат и затоа треба сите да работиме за заедничкиот интерес. Ни треба стабилно Собрание со 63 пратеници, да формираме стабилна Влада и да работиме за доброто на државата, без да има други политички кризи, рече Милошоски.
Ново на Сител
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
