Свет
1. March 2019 - 13:53

Милион долари за информација за синот на Бин Ладен: Хамза е новиот водач на терористите, еве каде се крие

САД нудат награда од милион долари за информации за Хамза бин ладен, син на убиениот водач на Ал Каеда Осама Бин Ладен.

Би Би Си пренесува наводи на неименувани американски официјални лица дека Хамза бин ладен станува водач на оваа екстремистичка исламска организација.

Се верува дека тој се наоѓа во близина на авганистанско-пакистанската граница.

Се наведува дека последните година дена објавувал аудио и видео пораки во кои ги повикувал следбениците на нападите на САД и западните сојузници во знак на одмазда поради убиството на неговиот татко.