Мијалков за притворот може да се жали до Апелациски суд
Сашо Мијалков во рок од 24 часа по приемот на решението од Кривичниот суд за 30-дневниот притвор има право на жалба до Апелацискиот суд – Скопје.
– Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С.М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. Бр. 47/17 од обвинителството означен како
„Таргет/Тврдина“, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП, соопшти Кривичниот суд.
Против ова решение, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд –Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

