Мицотакис ја остави отворена можноста вакцинацијата на здравствените работници да биде задолжителна

Верувам дека подоцна, во неутрално време, на есен треба да се отвори дискусија за задолжителна вакцинација на здравствените работници, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер објасни дека во оваа фаза не сака да создава „извори на тензии во болниците“, но во септември ќе мора прашањето одново да се разгледа од друга перспектива, кога нема да биде толку голем притисокот врз здравствениот систем,
-Мора апсолутно јасно да ставиме до знаење дека не може да бидеш здравствен работник, да имаш света мисија да се грижиш за нашите сограѓани кои се болни, а ти самиот да не бидеш заштитен и со тоа што не се заштитуваш самиот си во опасност, но и си во опасност да го шириш вирусот во простор што е наменет за здравствени услуги. Така да, мислам дека треба да се отвори дискусија. Не сакам да се отвори сега, но верувам дека во неутрално време, на есен, мора ова прашање повторно да го разгледаме од почеток, истакна Мицотакис и паралелно упати апел до постарите граѓани да се вакцинираат што е можно побргу.
Според грчките медиуми, вакцинирани се 70 отсто од лекарите, меѓутоа 50 отсто, односно еден од двајца болничари, медицински сестри и останат персонал во болниците, одбиле да ја примат вакцината.
Мицотакис во интервјуто за „Стар“, уште еднаш, категорично ја отфрли можноста за предвремени избори, објаснувајќи дека неговата одлука е да го исцрпи четиригодишниот мандат што во јули 2019 година го доби од граѓаните.
Ново на Сител
-

Одбраната на обвинетите службеници за „Пулс“ тврди дека Обвинителството е контрадикторно и бара преиспитување на обвинението
-

Мицкоски: Украденото мора да му се врати на народот
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
