Мицотакис го поканил принцот Чарлс да присуствува на јубилејот од востанието за независноста на Грција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера телефонски разговарал со принцот од Чарлс и му ја повторил поканата да присуствува на манифестацијата на 25 март во рамките на прославата на 200-годишнината од почетокот на востанието, во чест на придонесот на Велика Британија во борбата за независност, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, принцот Чарлс одговорил позитивно на поканата, но истакнал дека сепак, конечниот одговор ќе зависи од текот на пандемијата. На 25 март годинава, Грција ја одбележува 200-годишнината од почетокот на востанието за независност, национален празник во земјата и ден кога во Атина се одржува воена парада.
Според грчките медиуми, оваа година за присуство на јубилејната манифестација, покани освен до принцот Чарлс, биле испратени и до претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон.
Дел од грчките медиуми, повикувајќи се на руските, пред извесно време објавија дека Путин, ја одбил поканата и нема да присуствува на воената парада во Атина.
Ново на Сител
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
