Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади

Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во врска најавата дека од јули ЕУ почнува преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија.
- И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартија би рекол за да остане на власт. Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија и ги испратија во опозиција, на следните избори ќе ги испратат и на политичките маргини, а за нив брзо ќе избледи политичката меморија и никогаш повеќе нема да ни се повторат - рече Мицкоски.
Тој истакна дека Владата ќе продолжиме да работи и да испорачуваме реформи, согласно Планот за раст.
- Ќе продолжиме да ја градиме македонската економија. Резултати преку ноќ нема. Ние никогаш не сме ветувале чуда и не сме чудотворци. Секој што ветува чуда не ја говори вистината. Ние само ветуваме дека напорно ќе работиме, и работиме. Ќе го добиеме заслуженото. Македонија забрзува и Македонија ќе победи, како што многупати победувала во минатото - истакна Мицкоски.
Во врска со најавената реконстуркција на Владата, премиерот уште еднаш повторно дека во мометов тој лично и партијата што ја предводи се насочени кон одбележување на 36. роденден на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на Градскиот стадион во Струмица на 17 јуни со почеток во 20 часот.
Тој рече дека не би сакал да навлегува во големината на реконструкцијата и оти повеќе би се задржал на нејзината содржина, но додаде дека за тоа ќе говори по партискиот роденден.
- Веќе од следниот ден ќе почнеме разговори со владините партнери околу реконструкцијата. Но, повторно ќе кажам повеќе би се задржал на содржината отколку на обемот на реконструкцијата. Бидете трпеливи. Станува збор за денови. Да ги отпочнеме разговорите, а потоа ќе можеме да зборуваме и за повеќе детали - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
