Мицкоски: Власта манипулира со народот со наводното поефтинување на цените на производите
– Наводното поефтинување за десетина проценти делува невистиното и впрочем е невистиното и она што го слушнав од граѓаните е потсмев и го зголемува гревот на граѓаните поради лошите политики кои оваа Влада ги води, истакна денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид, осврнувајќи се на најавите на Владата за намалување на производите за десет проценти.
Тој нагласи дека производите се двојно поскапи поради лошите политики на Владата и ненавремените мерки.
– Тоа што можам да го забележам се незадоволни граѓани, несреќени граѓани, посиромашни граѓани, а од друга страна гледаме побогата Влада и побогати функционери затоа што наместо да работат и да му помогнат на народот тие одлучили да крадат од истиот тој народ и се додека така се однесуваат да крадат од истиот народ овој начин на манипулирање коишто тие го прават со некое си наводно поефтинување наидува на потсмев. Јас би им препорачал да се зафатат со работа за ова кратко време што им преостанува додека се таму, затоа што секој изминат ден значи дека се поблиску до нивниот крај, бидејќи не му слугуваат на народот туку на сопствените интереси, рече Мицкоски во Охрид.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
