Мицкоски: Ваков попис е политичка а не статистичка операција

Во вечерашната тема на денот во Дневникот на Сител Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против да се спроведе попис, но тоа треба да биде статистичка, а не политичка операција.
-Ние велим дека и така треба да имаме локални избори каде што ќе треба практично граѓаните да гласаат со тоа што ќе ги стават нивните показалец, или некој друг прст во терминалот, дајте тие да ги искористиме за пописот. Да видиме кое е резидентното население бидејќи ние попишуваме резидентно население, тие што се тука. Ние не можеме да си играме со концептите, се знае како се спроведува попис. Ние не сме најпаметните, се знае како се прави попис, рече Мицкоски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ е за тоа со пописот да се даде одговор на прашањето – како Македонија треба да се развива во иднина.
-Она кое што практично се обидува владејачкото мнозинство да го направи во рамките на Собранието е фино насилство врз граѓаните на Македонија и да направи една операција која што дефинитивно ќе биде политичка. Ние нормално, треба да се спротивставиме. Ние се обидовме преку 40 амандмани да го подобриме текстот на Законот. Таму, во рамките на комисиската расправа имаше укор кон директорот на Заводот за статистика од страна на поранешен министер за внатрешни работи „Не се мешај, не коментирај, се веќе договорено“. Отприлика така заврши таа дебата. Ние се обидовме како опозиција да интервенираме со 40 амандмани. Никој не ги прифати тие 40 амандмани и сега се доведувате во ситуација да барате алтернативни решение. Ние велиме, ќе поднесеме граѓанска иницијатива која што ќе биде поткрепена со потписите на пратениците на опозицијата во рамките на Собранието за која очекуваме да биде прифатена од страна на претседателот и да биде ставена на дневен ред и која што ќе предизвика укинување на Законот за попис, рече Мицкоски.
Според него, ваков-каков што е, пописот ќе биде политичка, а не статистичка операција.
Ново на Сител
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
