Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема

Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти - вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно ја анализираат состојбата и очекува на следната владина седница, по велигденските празници, да предложат нови мерки, повеќе таргетирани за одредени целни групи граѓани и за одредени производи. И тие мерки, како што нагласи, би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа.
- Со корекциите што ги направивме и со овие почетни мерки за намалување на ДДВ-то и можноста да се намали акцизата ние ги преполовивме можностите за двојно поголема инфлација од онаа што се очекуваше и според меѓународни финансиски институции. Па ние врз основа на нашите пресметки очекуваме инфлацијата да се движи меѓу четири и пол и пет проценти во март. Ќе имаме засилување. Тоа засилување беше видливо во втората половина од март. Ќе правиме анализи и се разбира дека ќе донесеме одлука како и што понатаму ќе правиме - рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање на почетокот на реализацијата на проект за реконструкција на улици во општина Аеродром..
Премиерот повтори дека не смее да се носат одлуки под притисок, туку паметно и мудро бидејќи, како што истакна, никој не знае колку долго ќе трае целата оваа криза.
- Мора да се подготвиме за подолг период, а да бидеме среќни ако заврши побргу - рече Мицкоски.
Најави дека на денешната седница на Владата ќе разговараат за тековни работи, а оти за донесување нови мерки ќе се одлучува по велигденските празници.
- Следните мерки би биле повеќе таргетирани за одредени целни групи на граѓани и одредени производи. Зборувам тука, пред сè, за основните прехранбени производи. И тие мерки би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа. Во оваа насока би се движеле мерките - рече Мицкоски.
Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.
- Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура - рече премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
