Мицкоски се сретна со граѓаните на Мокриево и Сушица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на населените места Мокриево и Сушица, Ново Село.
Пред граѓаните на Мокриево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека земјоделието е во слободен пад, а власта стана рекордер по криминал, сиромаштија и назадување.
И како да ова не беше доволно, власта сега им наметнува нов проблем на жителите на општината не откажувајќи се од намерата за отворање на рудник. Ние сме против отворањето на рудникот во овој крај, кој доколку се случи тоа и помине манипулацијата која ја прави власта ќе биде на штета на овие граѓани пред се на нивното здравје, и самиот начин на кој се турка оваа идеја се прави на начин кој не е честит и не е коректен, вели тој.
При посетата на Сушица, Мицкоски посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се чувствуваат измамени, нема ништо од ветувањата на власта за поддршка за земјоделците, нема поддршка за пласман на земјоделските производи, нема зелена нафта, ниту пак бенефициран стаж за земјоделците.
Тука нема ништо од она што Заев така гордо го изјавува дека како земја сме блескале. Народот овде се бори со тешкото секојдневие, вели Мицкоски.
Тој порача дека токму поради неостварените ветувања и лагите, власта мора да се казни, казна која граѓаните ќе ја испорачаат на наредните избори, кои не се само за избор на претседател туку и ќе го одредат правецот во кој ќе се движи Македонија.
Македонија ќе победи, ќе победи правдата и вербата во принципи, заклучи тој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
