Мицкоски оствари средба со Оливер Вархеј, Комесарот за проширување на Европската Унија
Денес во Брисел Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Доц. д-р Тимчо Муцунски оствари средба со Комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеј.
На средбата се разговараше за европските перспективи на земјата како и актуелните случувања во Македонија. Државата уште во 2009та година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на владата за излез од не само економската туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од друга страна, посочи Мицкоски, забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце. Таквото однесување нема никаква врска и е спротивно со вредностите на Европската Унија.
-Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за да државата се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап, посочи Мицкоски. Патот кон ЕУ нема алтернатива а се друго ќе преставува купување на време и нова лажна надеж од Заев, истакна Мицкоски.
Соговорниците ги потврдија добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
-

Тешко повреден 21-годишник откако паднал од прозорец на автомобил во движење
-

Од бокс и самоодбрана до екологија и историја - Патриотско Друштво организираше Дрил Камп за млади во Маврово
-

Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени
-

Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
-

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на развојните политики што даваат резултат
-

Тројца мртви и четворица ранети на фестивалот на храната во Сиетл, осомничениот напаѓач е уапсен
-

Инфантино до критичарите на СП 2026: Медитирајте, молете се, гледајте фудбал
