Мицкоски од Кочани: Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Паркот на револуцијата во Кочани присустува на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, испрати порака споменот за починатите да остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството да бидат сила што ќе нè води напред.
-Денес, во Кочани, оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа - објави Мицкоски на „Фејсбук“.
Тој се потпиша во книгата на жалост и изрази длабоко сочувство кон семејствата на загинатите.
-Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети - истакна Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
