Македонија
4. December 2023 - 8:03

Мицкоски: Најстрога казна за сите вмешани во грозоморниот чин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази сочувство за смртта на Вања и побара најстрога казна за сторителите.

- Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања. Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот. Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај! Правда мора да има. Почивај во мир, напиша Мицкоски на Фејсбук.