Мицкоски до новите градоначалници: Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес им се обрати на новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“.
- Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа! Вашите фотелји заменете ги со излегување на терен, работа со граѓаните и носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери и договори во четири очи. Никогаш не заборавајте од каде доаѓаме! - ова денеска им го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на градоначалниците од неговата партија.
Тој додаде дека од него можат да очекуваат пријателство, но и критика.
- Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар. Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати. Тие луѓе мора да знаат дека стојам зад секој мој збор. Имаме многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и мора да знаеме да ја почитуваме. – рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
