Мицевски: Законот за двојазичност е на штета на Република Македонија

Почитувани,
Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството.
Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници.
Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија.
Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари.
Владата која ветуваше живот за сите потроши две години за антидржавни дејанија кои не им носат подобар живот на граѓаните, не носат повеќе пари за живот, ниту подобар стандард во целост. Наместо подобри услови за живот граѓаните добија нови поделби и понижувања.
Овој закон е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.
ВМРО – ДПМНЕ ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО – ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош.
Почитувани,
СДСМ нема повеќе легитимитет да ја води Република Македонија, со СДСМ на власт државата и граѓаните само губат. СДСМ мора да си замине. Токму затоа потребни се итни и неодложни вонредни парламентарни избори заедно со претседателските во април. Време е господа од СДСМ да се охрабрите и да излезете очи во очи со народот.
Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
