МЕТЕО: Од четврток промена, еве какво време не очекува деновиве

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека ќе продолжи периодот на стабилно и претежно суво време. До четврток најчесто ќе дува слаб јужен ветер поради што по котлините ќе има појава на температурна инверзија, која ќе биде најизразена од утре до петок.
Утре, а потоа и во периодот до четврток ќе има и појава на магла, а некаде и ниска облачност по долините и речните долини. Во овој период на североистокот и во Скопско, од утре кон среда ќе има малку поизразено струење, па преку денот маглата ќе слабее, но се очекува условите за магливо време и понатаму да останат.
Дневната температура во местата со магла ќе остане пониска, а во останатите ќе се задржи релативно топло преку денот за овој дел од годината.
Од среда попладне се очекува зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд, некаде на југот. Значителна промена на времето се очекува од петок преку денот и ќе биде проследена со умерен северен ветер и врнежи од дожд, а на планините од снег. Позначително спуштање на температурата ќе се почувствува во сабота.
Ново на Сител
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
