Мета: Никогаш нема да има политички договор помеѓу мене и Рама

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во телевизиска емисија јасно порача дека никогаш нема да склучи политички договор или коалиција со Еди Рама, додавајќи дека „не постои ниту минимална можност за договор со Рама во оваа земја“.
Според него постојат две причини за оваа негова одлука, а тоа кога се поставува прашањето за територијалниот интегритет на Албанија и границите на Косово.
– Никогаш немојте да мислите дека постои можност Илир Мета да коалицира со Рама. Оваа приказна заврши! Никогаш повеќе договор со Еди Рама! Политички договор меѓу Мета и Рама во оваа земја никогаш. Постојат две причини, тој го доведе во прашање територијалниот интегритет на Албанија и ги доведе во прашање границите на Косово, рече Мета.
Во врска со претстојните парламентарни избори, Мета со предупредување дека „гласот на Албанците на 25 април ќе биде заштитен по секоја цена“.
– Тешко на разбојникот и олигархот што ќе се обиде да го допре гласот. Изборите на 25 април се веќе блиску. Претседателот и претходно предупреди заштита на гласот, порача Мета.
Веќе подолг период влошени се односите на релација претседател – премиер, а двајцата по многу прашања постојано меѓусебно си реплицирааат на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
