Мета: Македонското малцинство е богатство за Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија.
Беше пречекан од заменик-градоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на МАЕИ, предводени од генералниот секретар Васил Стерјовски, со кои се задржа во подолг разговор.
- Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во моето внимание, изјави Мета по средбата.
Во врска со одбележувањето на значајни исторски личности и настани, Мета најави дека годинава, ќе биде и во знакот на оддавање почит на познатиот писател по потекло од овој крај Стерјо Спасе, „синот на македонската етничка заедница“ чија куќа во селото Глобочани, како што додаде, ќе биде реставрирана и претворена во музеј.
Според него, поради потешкотиите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, посебно невработеноста на младите, треба заедничка ангажираност бидејќи општината е една од оние која располага со најмногу природни богатства и убавини.
Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“ каде запали свеќи за здравје, од каде го честиташе денешниот празник Свети Наум, како и божикните празници по што во дворот изигра и македонско оро заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
