-->
-->
Меркел: Зголемувањето на бројот на новозаразени треба да не загрижи сите
-->
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел рече дека е „многу загрижена“ за зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус и хоспитализирањата и ги повика луѓето да не бидат невнимателни во пандемија.– Тоа треба да нѐ загрижи сите. Но, фактот што, на пример, два или три милиони Германци над 60 години сè уште не се вакцинирани, ме растажува, бидејќи тоа би било промена за нив лично, но и за целото општество, изјави Меркел за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг”.
Германија не ја направи вакцината задолжителна за ниту една група, став што Меркел сè уште го дели.
Во однос на ограничувањата наметнати од Германија за време на пандемијата, Меркел рече дека „должност на државата е да го заштити здравјето на што е можно повеќе луѓе и да спречи пренатрупаност на болниците”.
– Се разбира, има многу простор да се разговара за оваа или онаа мерка, додаде Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

20-годишнo момче почина од струен удар во Крушево
-

19-годишно момче пронајдено мртво во стан во Битола
-

При претрес во скопско пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Во ЕУ јавен превоз секојдневно користат 10,7 проценти од луѓето, во Македонија 9,6
-

Две жртви при пад на дрон во Оман, саудиската одбрана соборила неколку беспилотни летала над своја територија
-

Администрацијата на Трамп го критикува Си-Ен-Ен за емитување пораки од ирански лидери
-

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите пет во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни
-

Пакистан бомбардираше складиште за гориво во близина на аеродромот Кандахар во Авганистан
