Меркел и Ренци разговараа за бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се ангажираше за брза примена на договорот на ЕУ и Турција за имигрантите, додека италијанскиот премиер Матео Ренци предупреди дека „крај на Шенгенот значи крај за Европа“.
- Зборувавме за прашањето за бегалците, како и за договорот на Брисел и Анкара кој мора веднаш да се примени, рече Меркел на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер.
Италија го блокираше планот на ЕУ кој предвидува на Турција да и се обезбеди помош од три милијарди евра, а таа во замена да го спречи приливот на имигранти во Европа, потсетува Танјуг.
Ренци истакна дека земјите во ЕУ мора да работат заеднички на решавањето на миграциската криза. Истовремено предупреди дека ако ЕУ се откаже од Шенгенот тоа ќе значи дека се откажуваме од Европа, пренесува Танјуг.
Ренци и Меркел рекоа дека членките на ЕУ треба да се ангажираат на решавање на проблемите во бегалските кампови надвор од Европа, како би помогнале да се спречи приливот, зголемувајќи ја заштитата на своите надворешни граници и да направат се што е во нивна можност праведно да ги распоредат они кои заслужуваат азил.
Ренце вчера, пред состанокот со Меркел, изјави дека е неприфатливо германската канцеларка да прави договори за европската бегалска криза со францускиот претседател и шефот на Европската комисија, а во тоа да не ја вклучи Италија.
Ренци нагласи дека би бил воодушевен кога Меркел и Оланд би можеле да ги решат сите европски проблеми.
- Но тоа не е случај, наведе Ренци во интервјуто за германскиот весник „ФАЗ“.
Ново на Сител
-

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиничката болница во Битола
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
