Меркел до Германците: Бидете потрпеливи околу бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа од предизборен митинг во градот Магденбург побара од своите сонародници да покажат поголема трепеливост во врска со бегалската криза.
- Знам дека луѓето се нетрпеливи и бараат одговор (на бегалската криза). Но, брзите одговори често се и погрешни одговори, изјави Меркел на предизборниот митинг на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) во пресрет на регионалните избори во три германски покраини закажани за 13 март.
Апелот на Меркел доаѓа во време на зголемено незадоволство на Германците од начините на кои Владата се соочува со бегалската криза, што според аналитичарите, би можело да се одрази негативно на резултаите на ЦДУ, но и на нејзиниот коалициски партнер - Социјалдемократската партија на Германија (СПД), на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, Баден-Виртенберг и Рајнланд-Пфалц.
Анкетите покажуваат дека и покрај падот на популарност, ЦДУ би можела да ја задржи власта во Саксонија-Анхалт, но и да им нанесе пораз на валдејачките левичарски коалиции, предводени од СПД, во двете други покраини.
Како последициа на бегалскиот прилив, последниве месеци значително порасна популарноста на десничарската партија Алтернатива за Германија, која според анкетите, во моментов е трета политичка сила во земјата со околу 15 проценти поддршка.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
