Меркел бара постепено укинување на ограничувањата и повеќе тестирања
Германската канцеларка Ангела Меркел бара спроведување на постепено укинување на ограничувањата и зголемен број на тестирања, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на Одборот на нејзината Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Таа побарала повторно да се отворат делови од општеството во три фази, почнувајќи од проширувањето на лични контакти, потоа отворање на училиштата и трето – отворање на спортските терени, рестораните и културата.
Германија ги продолжи ограничувањата до 7 март со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, иако основните училишта и градинките почнаа од денеска да работат во десет покраини, а фризерските салони треба повторно да се отворат следната недела.
Бројот на заразени случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа во Германија изнесува 4.369 лица, а истовремено регистрирани се 62 починати пациенти.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
