Мерц сака договор со Шолц пред самитот на ЕУ за Украина

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц смета дека е многу итно земјата да се договори за тоа како да финансира зголемување на трошоците за одбрана и помош за Украина пред самитот на ЕУ в четврток.
Сојузот на десниот центар ЦДУ/ЦСУ на Мерц – составен од Демохристијаните (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во Баварија, победи на парламентарните избори минатиот месец и во моментов води информативни разговори со Социјалдемократската партија (СПД) за формирање коалиција.
Преговорите се случуваат во време кога Европа сака да усогласи одговор на очигледната промена во американската политика за војната во Украина.
Мерц денеска во Берлин рече дека „итноста е голема“ и дека страните треба „да се обидат да се договорат“ пред самитот на лидерите на ЕУ в четврток во Брисел.
Тој в четврток треба да присуствува на одделен состанок на групата на Европската народна партија во Брисел и рече дека би сакал тој и канцеларот во заминување Олаф Шолц да го кажат „истото“.
Мерц (69) не ги коментираше извештаите дека размислува да свика специјална седница на Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, за да обезбеди дополнителни воени трошоци.
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
