Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека Русија стои зад низата дронови што изминатиот викенд беа видени над Германија, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.
Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и во споредба со времето на Студената војна. Тој додаде дека досега ниту едно од беспилотните летала не било вооружено и дека сите летале за извидувачки цели.
Во последните недели, слични неидентификувани беспилотни летала се видени над неколку европски земји. Во Данска, во последните недели се регистрирани бројни летови на неидентификувани беспилотни летала над воени објекти и аеродроми.
На пример, беа пријавени прелети над аеродромот во базата Каруп и неколку дански аеродроми. Поради ова, властите привремено забранија цивилни летови со беспилотни летала и го зголемија надзорот, а данското разузнавање потврди дека станува збор за „хибридни напади“ за кои ја обвинија Русија.
Сомнителни летови на дронови над воени бази и стратешка инфраструктура се пријавени и во Германија и Белгија. На пример, околу 15 дронови беа забележани над белгиската воена база Елзенборн, а во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
