Меморандум за борба против сивата економија

Пет социјални партнери денеска во Скопје ќе потпишат меморандум за борба против сивата економија со кој ќе се обврзат систематизирано и координирано да се вклучат во борбата против непријавената работа.
Меморандумот ќе го потпишат Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Со потпишувањето на овој документ, потписниците ќе ги координираат заедничките активности во делувањето против сивата економија преку размена на информации и идеи за справување со непријавената работна сила. Потписниците ќе разменуваат податоци за непријавената работа со Државниот инспекторат за труд, ќе предлагаат мерки за намалување на сивата економија и ќе работат на подигнување на свеста за придобивките од пријавената работа.
Меморандумот се потпишува во рамки на проектот за поддршка во борбата против непријавената работа кој почна да се имплементира во мај 2014 година од страна на конзорциум предводен од Esep Ltd. Главни корисници беа Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд.
Ново на Сител
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
